Игор Ангеловски за дуелот со Грузија во среда дополнително ги повика Љупчо Дориев и  Енур Тотре од Шкендија, Дарко Мицевски од Вардар како и дефанзивецот на Македонија ЃП, Томе Китановски.

Дополнително покана доби и Агрон Руфати од младата репрезентација, тон нема право на настап против Израел поради жолти картони.

Ангеловски ги побарал и Давид Бабунски и Стефан Ашковски од Ботошани, но поради лошите авио конекции, веројатно тие нема да бидат во тимот за дуелот со Грузија во среда во Скопје.

Овие промени доаѓаат поради повредите на Егзон Бејтулаи, Кристијан Тошевски и Аријан Адеми, додека Висар Муслиу е суспендиран и за овој натпревар во среда.

Суспензија поради жолти картони има Енис Барди, проблем е и  Стефан Спировски кој се повреди во Талин, Ферхан Хасани е ослободен од обврските.