Македонија го запиша првиот пораз на гостински терен во квалификациите за ЕП 2020, Полска заслужено победи, селекторот Ангеловски им ја честита победата.

„Успеавме до 70 минута да бидеме конкурентни, примивме гол по лоша реакција на долга топка, Полска не казни. И честитам на победата. Клучно за поразот е нивното искуство, знаевме со кого играме и тие заслужено победија. Исто така морам да напоменам дека доколку ги имав сите фудбалери на располагање ќе беше многу поразлично на терен““ – изјави селекторот Ангеловски.

Со оглед на фактот дека речиси е се познато во нашата група, во која Полска обезбеди пласман на ЕУРО, додека Австрија е пред промоција, следните два меча ќе бидат искористени за подготовка за полуфиналето во Лигата на нации.

,„Ние ќе се фокусираме на следните два меча како подготовка за полуфиналето во Лигата на нации“ – заврши Ангеловски.

Следно за Македнија во квалификациите се натпреварите со Австрија на гости и Израел во Скопје во ноември.