Селектoрот на Македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски на денешната прес конференција во пресрет на дуелот со Словенија изјави дека двата тима сака да ги види во своите најдобри изданија, а на крајот се надева на победа на нашата селекција.

„Очекувам незивесен меч и силна Словенија. Ние сме подготвени, иако имаме кадровски проблеми.Од вчера знаете дека Барди не може да настапи. Загубивме битен член од тимот, и згора на тоа не може Бејтулаи да игра на првиот меч со Словенија, и затоа на нивно место се Стоилов и Младеновски. Се надевам дека после ова ќе не одминат уште повреди. Никогаш не се жалам ниту кукам околу составот, тоа е што е, со тие со кои располагање ќе дадеме се од себе да дојдеме до посакуваната цел , а тоа епобеда над Словенија.“ – тврди селекторот, Игор Ангеловски.

Заменик капитенот на Македонија, Стефан Ристовски кој иако не е подготвен максимално по повредата вели дека ќе го даде максимумот.

„Ни следуваат два клучни натпревари, позитивна работа е што уште сме во игра за второто место, но најпрво треба да се концентрираме на мечот со Словенија, а потоа на  друго. Не знам колку сум подготовен. Помина доста време од кога играв со Австрија, имав само една недела тренинг и ветувам дека колку можам ќе помогнам“ – вели Стефан Ристовски.

Мечот меѓу Македонија и Словенија од евроквалификациите се игра на 10 октомври на Арената „Тодор Проески“ со почеток од 20:45.