Се ближи денот кога Македонија ќе истрча против Косово на „Тодор Проески“ во Скопје во ободот да избори пласман во финалето од плејофот во Лигата на нации и со тоа да дојде до чекор на пласман на следното ЕП.

Селекторот Игор Ангеловски во четврток ќе го објави списокот на играчи кои ќе конкурираат за првиот тим на Македонија за дуелот со Косово но и за пресметките со Естонија и Грузија.

Меѓу повиканите сигурно нема да биде голманот Мартин Богатинов кој е позитивен на Ковид-19. Сепак посериозниот проблем доаѓа од Италија, се уште не е познато дали Горан Пандев и Елиф Елмас се заразени со коронавирусот.

Собирот на А тимот е закажан за во недела, подготовките започнуваат во понеделник. Со Косово во Скопје играме на 8 октомври, потоа ќе гостуваме кај Естонија на 11 октомври (најверојатно на неутрален терен) а тромечот го завршуваме дома против Грузија на 14 октомври.