Македонија утре на арената Тодор Проески ќе ја вгости Словенија во рамки на квалификациите за ЕП во 2020. Овој дуел е битен за двете репрезентации, а посебно за нашата која со победа повторно ќе се врати во игра за пласман на континенталниот собир.

Селекторот Игор Ангеловски на денешната прес-конференција најави максимална борба на секој дел од теренот.

„Можам да ветам борба за секоја педа од теренот. Двете репрезентации се исти од првиот меч и не се очекуваат изненадувања. Тие играат добро во последниот период и имаат самодоверба, но и ние тоа го поседуваме. Нашите фудбалери ќе направат се за да стигнат до 3 бода“-изјави Ангеловски.

Мечот меѓу Македонија и Словенија ќе се одигра утре на арената „Тодор Проески“ со почеток од 20:45.