Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски во врска со фудбалерот на Парма Дејан Кулушевски изјави дека по втор пат ја одби поканата од федерацијата за да настапува за Македонија.

„Со Кулушевски разговаравме пред еден месец за дуелите со Израел и Летонија и му беше понудено да настапува за нас, но неговиот одговор беше негативен. Тој по втор пат го одби мојот повик за настап и остана дециден на својот став дека не е заинтересиран да настапува за Македонија“-изјави Ангеловски.

Инаку, Кулушевски е фудбалер роден во Шведска, но има македонски корени, а на последниот меч на Парма против Торино беше автор на првиот погодок за „млекарите“.