Сениорската фудбалска репрезентација на Македнија на пладне ќе ги започне подготовките за претстојните две квалификациски средби со Словенија во Скопје и Полска во Варшава.

Ангеловски нема да може да смета на Енис Барди кој и дефинитивно отпадна за овие два квалификациски натпревари. Нашиот национален тим вечерва ќе го има и првиот тренинг од 19 часот.

Може да победиме само ако сме како тим и ако играме како што знаеме. Словенија сите мечеви ги одигра речиси со истите фудбалери. Истото практикуваме и ние. Менуваме само кога имаме повредени. Имаме неколку системи на игра кои во изминатите години ги користевме на натпреварите. Словенија е тим што има голман како Облак, лидер како Иличиќ, но очекувам една рамноправна битка, а сепак борба на секој дел од теренот. Јас верувам во овие фудбалери“ – изјави селекторот Ангеловски.

Македнија со Словенија се среќава во четврток од 20-45 часот со пренос нс Спортклуб 3, три дена подоцна гостуваме кај Полска во Варшава.