Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, денеска ќе го соопшти списокот на играчи за двата септемвриски дуела против Израел и Летонија во квалификациите за ЕП 2020.

Македонија и двата меча ги игра на гости, со Израел на 5. септември и четири дена подоцна со Летонија.

Ангеловски како и обично нема да експериментира со составот па се очекува ростер како оној претходниот кога игравме со Австрија  и Полска.

Македонија последните два меча во квалификациите ги загуби од Полска и Австрија, селекцијата на Летонија ја победивме во март со 3-1 во Скопје со головите на Алиоски и Елмас, со Израел се среќаваме за прв пат во овој квалификациски циклус.

Списокот Ангеловски ќе го објави денеска во 12 часот во куќата на фудбалот.