Ерменија ја победи Македонија со само еден гол, стрелец беше екс играчот на Вардар Хамбарџумјан во второто полувреме.

Селекторот Игор Ангеловски не е задоволен од резултатот, играта беше добра, создававме шанси, но не погодивме, Македонија останува во Ц-Лигата на нации.

„ Жалам што не успеавме да се пласираме во Б-лигата, мислам дека требаше да победиме, клучно беше првото полувреме кога не ги искористивме шансите за гол. Ние ја изгубивме оваа битка но главното го остваривме, пласман на ЕУРО “ – изјави Ангеловски.

Ангеловски смета дека репрезентацијата одигра без калкулации, но неискористените шанси се клучни за поразот.

„Примивме наивен гол, од она што се случуваше на натпреварот, не сме задоволни, но мора да ги сфатиме фудбалерите кои одиграа три натпревари за седум дена, се повредија Влатко Стојановски и Стефан Ристовски и морав да ги заменам“ – изјави Ангеловски.

За Македонија ова беше последниот натпревар во 2020 година, не успеавме да обезбедиме пласман во Б-лигата на нации но имаме право да бидеме задоволни, ќе играме на следното ЕУРО..