Македонија го запиша и вториот пораз на ЕУРО со што ги загубивме речиси сите шанси за пласман во следната рунда, селекторот Игор Ангеловски е задоволен што сме дел од европското првенство

Украина не совлада со 2-1, во натпревар во кој видовме се од фудбалската игра но не и завршница по која ќе се радуваме.

„Во првото полувреме беше да влеземе по претпазливо, во вториот дел одигравме како што се договоривме, одигравме како што треба и докажавме дека сме заслужено на ЕУРО. Целта беше да одиграме попретпазливо. Ние сме победени но не сме поразени, заслужено сме на европското првенство“ – изјави Ангеловски.