Македонија е подготовена за предизвикот Полска в недела во квалификациите за ЕП 2020 година, имаме проблеми со двајца играчи, Аријан Адеми и Иван Тричковски но имаме тим за нешто големо.

Противникот е познат, фаворит е, но ние имаме свои сметки, изјави селекторот Ангеловски.

„Добро знаеме против кого играме , шансите се такви какви што за ние ќе се избориме, огромен респект кон Полска, ние утре играме за нешто големо, можат се да ни оспорат но не можат да ни забранат да се бориме за победа, ние ке дадеме се од себе за победа“ – изјави Ангеловски.

Атмосферата е одлична, играчите го даваат максимумот, и повредени не се предаваат, се борат за националниот тим на најдобар можен начин.

„Уживам во се што ни се случува со националниот тим, играчите се посветени на тимот, Стефан Ристовски даде се од себе против Словенија, видовте дека и повредени играа, ќе се обидеме да останеме непоразени и на ова гостување“ – заврши Ангеловски.

Средбата меѓу Полска и Македонија се игра утре од 20-45 часот.