Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски беше задоволен од пристапот, победата и резултатот против Словенија но предупреди дека ништо не е завршено.

Според Ангеловски нашата репрезентација ја очекуваат уште три големи битки во трката за пласман на следното ЕП.

„Победата е убава но сеуште има многу до крајот и мораме да останеме цврсто на земја. Играчите дадоа се од себе, игравме како екипа. Не очекуваат уште три натпревари, ништо не е готово, ќе се бориме до крај додека имаме шанси. Одигравме натпревар во кој покажавме дека знаеме да играме и мислам дека потполно подготвени ќе го дочекаме следниот предизвик. Адеми се жали на повреда, Стефан Ристовски е исцрпен, за Елиф Елмас немам зборови, се виде се на самиот натпревар.“ – изјави Ангеловски.

Нервозата која се појави пред крајот на првото полувреме по поништениот гол на Елмас, Ангеловски побарал да се заборави.

На полувремето им реков да играме смирено во вториот дел особено по спорниот момент. Им реков да веруваат во себе и дека господ ќе не награди. “ – објасни Ангеловски