Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски за ждрепката во Амстердам изјави дека имаме неатрактивна група во која имаме обврска да играме на победа на секој натпревар.

Ангеловски смета дека имаме шанси да се надигруваме со секого, групата е таква што секој може да победи секого иако мислите се насочени кон Косово, селекторот со првична оценка за ждрепката.

„Бидејќи веќе ги добивме противниците за новото издание од Лига на нации, согласно нашиот квалитет и прикажаните игри и резултати во изминатиот период, целта на Македонија ќе биде борба за првото место. Во минатите квалификации многупати покажавме дека рамноправно се носиме со било кој противник, а така ќе биде и овој пат. Одиме да го освоиме првото место во групата. На хартија противниците не се атрактивни, но секако поседуваат квалитет. За мене е важно што ние не стравуваме од никого и на секој натпревар ќе одиме на три бода” – изјави Ангеловски.