Селекторот очекува максимална подршка од трибините

Ангеловски: Одиме на победа за историско трето место

Фудбал 18. Ное 2019. @ 12:55

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски на денешниот прес за дуелот со Израел во рамки на квалификациите за ЕП 2020, истакна дека се надева на нов триумф на домашен терен и максимална подршка од трибините.

 

„Нормално дека сакаме поддршка од навивачите, досега ја имавме, а се надевам дека така ќе биде и во иднина. Максимално сме подготвени и не интересираат само 3 бода, иако знаеме дека Израел е квалитетен тим посебно во нападот каде го имаат Захави“ – изјави селекторот Ангеловски.

Македонија со победа има шанси да заврши на третото место од овие кваификации што би бил најдобар пласман во еден циклус квалификации за едно светско или европско првенство.

„На натпреварпт со Израел гледаме како мотив за третото место ни треба победа, а што ќе се случува на мечот на Словенија не ме интересира, математиката не ја следам ме интересира само играта на нашата селекција“-надополни Ангеловски.

Мечот меѓу Македонија и Израел од квалификациите за ЕП 2020 се игра утре на арената „Тодор Проески“ со почеток од 20:45 минути.


Comments are closed for this post.

НЕ УСПЕАВМЕ ДА ДОЈДОМЕ ДО ИЗНЕНАДУВАЊЕ

Доминантни Шпанци: Македонските кошаркари со пораз од 39 разлика во Скопје

ПОСЛЕ ГОЛЕМИОТ ПОРАЗ

Бајиќ: Градиме репрезентација за следните години

ШПАНЦИТЕ ДОМИНАНТНИ ВО СКОПЈЕ

Скариоло: Барселона не инвестира без причина, знаевме дека Симиќ е талентиран играч