Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски беше задоволен од желбата на играчите да се борат до последната минута против Грузија за да дојдат до посакуваната победа.

Македонија ремизираше со Грузија 1:1 а во завршните двесетина минути одигра со фудбалер помалку по изклучувањето на Столе Димитриевски.

„Овој меч покажа дека Македонија никогаш не се предава, без разлика што имавме играч помалку. Тие поведоа, но ние се вративме. Повторно по кој знае кој пат покажавме карактер. Едно големо браво, почнувајќи за капитенот па за сите други од овој тим. Кажав не е лесно да играме, лекарскиот тим знае, но најважно е дека поминавме добро.  Ја остваривме втората цел, прво да победиме со Косово, втората цел беше да бидеме први. Сега се насочуваме за она што не очекува во Грузија.“ – изјави слекеторот Ангеловски.

Ангеловски посака повеќе среќа пред дуелот со Грузија во Тбилиси на 12 ноевмри и здравје на сите играчи.

„Им посакувам добро здравје на сите фудбалери, сите се враќаат во своите клубови. Гледаме како е ситуацијата со Ковид-19, јас се надевам дека ќе ги имам најпотребните играчи за важниот натпревар.“ – посочи Ангеловски.