Селекторот на фудбалската репрезентација, Игор Ангеловски во изјава на емисијата „Еден на еден“ рече дека Горан Пандев најавил заминување од репрезентацијата по настапот на ЕУРО 2021.

Ангеловски изјави дека ќе направи се Пандев да остане и натаму во репрезентацијата и по настапот на ЕУРО доколку тој биде селектор.

„Пандев најави дека по завршувањето на ЕУРО ќе се пензионира, се врати во репрезентацијата откако увиде дека ФФМ нема да дозволи ситуации како во минатото,  го убедив да се врати, негова голема желба беше да ја заврши кариерата со настап на ЕП, ќе направам се да го убедам да продолжи да игра и по следното европско првенство“ – изајви Ангеловски во емисијата „Еден на еден“.