Селекторот Игор Ангеловски на прес конференцијата која се одржа во хотелот „Гранд Плаза“ говореше и за мечевите од Лигата на нации преку кои исто така можеме да се најдеме на ЕП во 2020.

Таму нашата селекција во полуфиналето веројатно ја очекува меч со Косово кој доколку обезбеди пласман преку квалификациите, Македонија ќе игра со друг противник.

Не се плашиме од никој противник. Гледам дека Косово игра добар фудбал и стигаат низа на комплименти на нивна адреса, а тоа ни дава поголем мотив на нас и затоа сакам во Скопје да се соочиме со нив за да видиме кој е подобар“- изјави Ангеловски.

Косово на последните 15 меча има само еден пораз и тоа од Англија, но тоа не значи дека се непопедливи за нас кои сме успевале да совладаме и далеку поеминентни репрезентации во Скопје.