Игор Ангеловски смета дека последните две средби во квалификациите треба да ги одиграме најдобро што можеме, тие ке послужат за подготовка за она најважното , полуфиналето во Лигата на Нации со Косово.

Македонија нема да може да смета на услугите на дури шест стандардни репрезентативци, сепак и покрај овој проблем Ангеловски порачува дека тимот ќе даде се од себе.

„Сакав да бидеме конкурентни до самиот крај во овој квалификациски циклус, секој натпревар е најважен. Ќе бидеме максимално фокусирани и сакаме да го извлечеме максимумот на секој меч.Ќе одиме да се надигруваме, ги браниме боите на државата и веруваме во позитивни резултати. На овие два меча ќе треба да се подготвиме и за плејофот против Косово во Лигата на нации со оглед дека нема да имаме можност за пријателски натпревари“ – изјави Ангеловски.

Собирот е во понеделни, репрезентацијата за  Австрија ќе отпатува во петок, 15. ноември. Натпреварот со Австријците се игра ден подоцна, а пресметката со Израел во Скопје е на 19. ноември.