Македонија во октомврискиот прозор на квалификации за ЕП во 2020 ја очекуваат два натпревари и тоа на домашен терен против Словенија и на гости кај Полска. Селекторот на Макеонија, Игор Ангеловски очекува тимска игра за дуелот со Словенија кој е многу битен за одржување на шансите за ЕП.

„Очекувам пожртвувано и тимски да играме. Имаме неколку системи на игра и ќе видиме за кој ќе се одлучиме за мечот со Словенија, која најчесто игра иста игра и не менува многу. Мислам дека натпреварот ќе биде израмнет и детали ќе го одлучат победникот“– изјави Ангеловски.

Мечот Макеонија – Словенија ќе се одигра во Скопје на 10 октомври, а собирот на репрезентативците ќе биде на 7 октомври.