Македонија утре против Австрија во Виена го игра претпоследниот натпревар во квалифкациите за ЕП 2020 година.

Селекторот Игор Ангеловски очекува тежок меч, но се надева дека со тимска игра можеме до добар резултат.

„Австрија е заслужено на ова место, тренирам играчи кои никогаш не се предаваат, бевме конкурентни до пред овој меч за пласман, овие момци никогаш не се предаваат, ќе го остават срцето на теренот, ние ја гледаме нашата работа  и ке сториме се, за тоа што го работевме да го спореведеме на терен“ – изјави Ангеловски

Проблемите со кои се соочуваме се такви што ке влијаат на составот, но ке решам утре кој ќе настапи.

„Сите знаеме со какви проблеми се соочувавме на овој собир, не се жалам на тие проблеми, фудбалот е таква игра без секого се мора и се може, новите играчи одработија квалитетни подготвки и се помина во најдобар ред. Утрешниот натпревар ќе биде можност за новите играчи доколку добијат шанса да се докажат со однос каков што барам, Пандев е под знак на прашање, има вирусна инфекција“ – изјави Ангеловски