Македонија ја пречекува Словенија во четврток, квалификации за ЕП 2020 година, исклучитено важен меч за двете селекции, победникот ќе добие се, поразениот ќе направи чекор назад во борба за првите две места.

Селекторот Игор Ангеловски за „РТВ Словенија“ вели дека ова е многу важен натпревар за двете селекции кои имаат само една цел, победа.

„Знаеме дека Словенија ќе игра напаѓачки, имаме проблеми со повредени играчи но имаме и замена за истите со добар квалитет, затоа не се жалам дека сме во тешка ситуација“ – вели Ангеловски.

Македонија како и Словенија очекуваат победа од оваа средба „змајчеки“ вели македонскиот селектор покажаа дека огромен квалитет, играат со 9-10 исти играчи и се многу квалитетни.

„Ние ќе мора да одиграме на нашето најдобро можно ниво ако сакаме да победиме, ова е многу важен натпревар, имаме шанси за првите две позиции, можеме да победиме само како тим и тоа моите играчи го знаат“ – изјавил  Ангеловски.