Англиските навивачи , важат за едни од најспецифичните навивачи во светот. Англичаните се заљубени во фудбалот и секојдневоно го покажуваат тоа без разлика дали е Премиер лига , Чемпионшип или некоја од пониските лиги на островот.

Несомнено е дека тие се спремни и за ЕУРО 2020 а интересна фотографија доаѓа токму од Англија и еден фан на Англиската репрезентација. Имено тој има направено колекција од 24 пива сите од земјите учеснички на ЕУРО 2020. Помеѓу тие пива се најде и Македонското пиво Скопско.