Скандалозниот натпревар одиграч вчеравечер во Бугарија по кој не престануваат препукувањата меѓу играчите, селекторите и сите инволвирани, паѓа во сенка откако островските медиуми потврдија дека едно лице го загубило животот 45 минути пред почетокот на натпреварот.

Министерството за надворешни работи на Англија потвди дека еден навивач починал во 20 часот по локано време а уште еден навивач на „Гордиот Албион“ се пожалил на повреди по што бил пренесен во болница.

Сеуште нема детали за овие два инциденти а допрва ќе се разгледува и истражува целокупната состојба во која се најде фудбалот во Бугарија и расизмот против кој секојдневно се бори УЕФА.

Неофицијално, навивачопт починал поради прекумерна употреба на алхохол и на наркотични средства.