Според пишувањето на англиските медиуми натпреварите од вториот круг на Европското првенство на Вембли ќе се игра пред 90 илјади гледачи.

Веста која ја донесува „Evening Standard“, се повикуваат на тоа дека Британците на 21 јуни ќе ги укинат Ковид мерките.

Тоа значи дека полуфиналето на Европското би можело да се игра пред 90.000 гледачи.

„Се надеваме до 21 јуни ќе имаме полн стадиони и ќе се вратиме во нормала“– порачуваат од кабинетот на министерот Оливер Доуден.