Мухамед Бин Салам е се подалеку од купувањето на премиер лигашот Њукасл, тој во неколку наврати се обиде да го добие клубот за 300 милиони фунти но наиде на сериозен проблем.

Документите за договорот беа доставени на одобрување до раководството на Премиер лигата пред повеќе од пет месеци, не сеуште купопродажбата не е одобрена. Бин Салам и Саудиска Арабија се обвинети за злоупотреба на човековите права.

Сега „Мирор“ пренесува дека, ситуацијата е на пат да ја искористи италијанска Серија „А“, а особено тимот на Рома. За претседателот на „волците“, Џејмс Палота се шпекулира дека контактирал со Саудијците за да им го понуди тимот.

За таа цел, Американецот ги искористил услугите на инвестициската банка „Голдман Сакс“, каде се свесни за тешкотиите на принцот на Островот и му понудиле опција со Рома.