Селекторот на Англија, Герет Саутгејт за „Sky Sports“ изјави дека го предупредиле судијата Иван Бебек, доколку продлжеле расистичките навреди на мечот во Софија ќе го напуштеле натпреварот во второто полувреме.

Саугејт на полувремето на средбата на „Васил Левски“ во Софија , во соблекувалната на судијата од Хрватска му се заканил дека натпреварот нема да се доигра ако продолжат навредите.

„Му се обратив на судијата, му кажав дека нема да го доиграме натпреварот доколку навредите продолжат, за среќа проблематичните навивачи беа исфрлени од стадионот и се фокусиравме на фудбалот“ изјави за „Sky Sports“ Саутгејт.

Англија ја победи Бугарија со 6-0, средбата поради расистички навреди и нацистички поздрави од трибините на два пати беше прекинувана во првото полувреме.