Една од вечните фудбалски теми е дали Кристијано Роналдо и Лионел Меси можат да заиграат во еден ист тим….

Ако можеме да им веруваме на англиските медиуми – тоа е возможно, па дури е и пред блиска реализација.

Имено, англиските медиуми ги пренесуваат зборовите на тренерот на Минесота Јунајтед од МЛС лигата, Адриан Хеат, кој тврди дека Дејвид Бекам е способен да ги реализира трансферите на Роналдо од Јувентус и на Меси од Барселона во неговиот клуб Интер Мајами, кој оваа сезона ќе дебитира во МЛС лигата.

Со тоа Бекам би направил фантастичен потег во промоцијата на американската фудбалска лига и би остварил енормен маркетиншки профит.

Знаејќи ги врските на Бекам со двајцата фудбалери и гледајќи го неговиот план, веќе ги гледам Меси и Роналдо како заедно играат во Интер Мајами“, изјави американскиот тренер за Mirror.