Рома се уште не знае дали ќе го откупи договорот на Крис Смолинг од Манчесер Јунајтед, а во тој случај „црвените ѓаволи“ планираат Англичанецот да им го понудат на Интер и Јувентус за 18.милиони евра.

Дефанзивецот минатата сезона играше одлично во дресот на „Римската волчица“ како позајмен фудбалер од Јунајтед, но тимот од Серија А сака да го продолжи договорот со Смолинг но само под услов да биде позајмен фудбалер.

Интерес за Смолинг претходно покажаа и Арсенал и Тотенхем, а одлуката ќе биде на „Црвените ѓаволи“, кои немаат во план да го задржат во своите редови.