Џејмс Адкок, англискиот фудбалски судија, кој во кариерата беше дел од судиските тимови на повеќе од 500 мечеви во Премиер лигата и пониските англиски лиги, одлучи да се отвори.

Во разговор за Би-Би-Си 37 годишниот судија призна дека е геј.

„Само сакам да ме третираат како и сите други луше. Вие сте тука како навивач, играч или менаџер и треба да ми судите по моите настапи. Сега сите мои колеги знаат дека сум геј и сакам да бидам искрен, некои од нив кажаа дека се горди што отворено кажав дека сум геј. Тие знаат дека препреките за нас се уште постојат“– изјави Адкок,

Вели дека од колегите судии добил силна поддршка. Среќен е што ги открил своите сексуални склоности и се надева дека и другите ќе го следат неговиот пример.

„Многу го ценам фактот дека отворено кажав дека сум геј во светот на фудбалот. Многу од судиите кои во страв тоа да не остави трага на фудбалската кареира и сакам да им помогнам затоа што на освнов на тоа не треба да им се суди на луѓето.“