Младиот фудбалер на Баер Леверкузен, Каи Хаверц со своите игри годинава го привлече вниманието на најголемите европски гиганти, а најблиску до негов потпис се Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

Сепак, шансите да го доведат еден од овие два клупа, според „Мирор“ зависат од екс-фудбалерот на „црвените Филипе Кутињо“. Имено, Хаверц е мета и на Баерн Минхен, но проблем за „баварците“ е Кутињо кој на лето се приморани да го откупат целосно неговиот договор од Барселона.

Доколку тоа не се случи повеќе од јасно е кој ќе ја има лидерската позиција во трката за фудбалерот на „Фармацевтите“.