Навивачите на Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Арсенал, Челси и Тотенхем се обединија, решија да ја „срушат“ Суперлигата, им свртеа грб на своите клубови.

Здружени им порачаа на клубовите дека не се со нив во оваа фудбалска авантура, порачаа ќе им го срушат планот.

„Ние навивачите на шесте клуба, заедно сме против одлуките кои ги донесоа нашите клубови, не сакаме учество во Суперлигата, ќе се бориме со сите сили да ги запреме да настапат во ова натпреварување, наскоро ќе објавиме детали“ – стои во пораката на навивачите на шесте клуба.

Суперлигата за потсетување е нова идеја и проект за која интерес покажаа големите клубови од најголемите фудбалски лиги.