Италиајнските медиуми објавија дека Милан и Атлетико Мадрид постигнаа договор за трансфер на Анхел Кореа на „Сан Сиро“.

Милан веќе постигнал комплетен договор со Кореа, кој на „Сан Сиро“ ќе заработува 3,5 милиони евра по сезона,а пак Милан ќе плати 50 милиони евра на Атлетико Мадрид.

Директорот на шпанскиот клуб утре ќе пристигне во Милано за да се договорат последните детали и двете страни да стават потпис на договорот. Се очекува Кореа да стави потпис на 5-годишен договор.