Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели им препорача и на другите клубови да ги следат препораките од властите во Италија, а исто така одржа состанок со првиот човек на Интер Стивен Жанг.

Средбата, Јувентус-Интер беше одложена минатиот викенд, поради  коронавирусот кој ја зафати Италија, но таа одлука предизвика лавина на реакции од страна на Интер и Жанг.

„Нашата позиција беше јасна уште од почеток“. Ние ги следиме препораките на властите, а така треба да постапуваат и другите тимови. Имам голем почит, кон Стивен, имавме состанок во мојот дом и разговаравме за епидемијата“– изјави Ањели за ФТ бизнис.