Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели најави дека во Торино во следните неколку денови ќе се направи сериозна и длабинска анализа за сезоната која заврши со шампионска титулата во Серија А и елиминација во осминафиналето во Лигата на шампионите.

„Ова беше навистина тешка сезона, стигнавме до деветата титула во низа во Италија и се запишавме во историјата. Маурицио заслужува посебна страница во историјата за неговата работа. Во Лигата на шампионите се разочаравме, ние, нашите навивачи и играчи. Повеќе години го велам ова, тоа е нашио сон и нашата цел. Ќе ги разгледаме сите позиции и ќе одлучиме како понатаму.“ – изјави Ањели без да прецизира дали се точни најавите дека Сари ќе добие отказ.

Првиот оперативец на „Старата Дама“ посочи можни е кадровски промени како и промени во составо но верува дека Роналдо ќе остане во Јуве.

„Безмалку сум сигурен дека тој ќе остане со нас. Мислам декашпекулациите од Франција траат неколку месеци поради тоа што требаше да играме со тим од таа земја, тоа е стар медиумски трик. Ве уверувам дека Роналдо останува столбот во Јувентус.“ – објасни Ањели.