Андреа Ањели се цел на критики од многумина во последните 24 часа а беше споменат и од Чеферин како лице на кое не треба да му се верува, исто како и Вудворд од Манчестер Јунајтед.

Патронот на Јувентус даде интересен одговор на новинарско прашање од Ла Република без притоа да одговори што мисли за Суперлигата.

„Со 350 милиони евра секојга година загарантиран буџет, Скудетото секогаш ќе го освојува Јувентус, Милан, Интер..“ – вели новинарот на Ла Република кон Ањели.

На ова првиот човек на „Старата Дама“ одговори: Точно, но ова е така веќе 80 години, што е променето сега?

Според одговорот на Ањели, Јувентус и останатите три тима сакаат да останат во Серија А, но прашањето е како лигата и воедно ФИФА и УЕФА ќе реагираат по однос на Суперлигата и какви санкции ќе има за клубовите учесници.