Премиер лигата пред една седмица ја  основаше „ќуќата на славните“ а Тиери Анри и Алан Ширер беа првите двајца кој влегоа  во ова избрано друштво.

Во период кој што престои, „куќата на славните“ сигурно ќе биде надополнета со многу други големи имиња.

Анри вчера беше гостин во понеделничкото студио на „Скај Спортс“, и  доби за задача да избере најмалку уште шест играчи кои заслужуваат место во „Куќата на славните“.

Французинот на прво место го стави Рој Кин и даде најдлабоко образложение за тоа, па во продолжение ги наброја уште Пол Сколс, Патрик Виеира, Ерик Кантона, Денис Бергкамп и Френк Лампард.

„Навистина сум вознемирен кога луѓето зборуваат само за острите стартови на Рој Кин, зборуваат само за тоа дека бил цврст играч и ништо повеќе.

 Да, тој беше цврст играч, правеше стартови, но тој беше неверојатен играч. Можеше одлично да додава, да внесе енергија, да дава голови. Јас бев на трибините кога тој даде гол со глава во полуфиналето во Лигата на шампионите во 1999-та година. Начинот на кој се бореше на средината, начинот на кој можеше да ги мотивира соиграчите да дадат се од себе беше нешто посебно,“– вели Анри.