Лионел Меси пристигна ова лето во ПСЖ во еден од најгламурозните трансфери во историјата на фудбалот.

Таму го дочекаа супер ѕвезди како Килијан Мбапе, Нејмар и Марко Верати, се придружија и нови како Џанлуиџи Донарума и Серхио Рамос.

Иако ПСЖ уверливо го джри врвот на табелата и на добар пат се да ја минат групата во Лигата на шампионите, она што го играат некако не ги воодушевува фудбалските фанови.

Меси исто така се мачи за своите стандарди. Даде три гола во Лигата на шампионите, но во француската лига се уште го чека првенецот. Неговиот некогашен соиграч од Барселона, Тиери Анри објасни во што е проблемот со Меси.

„Лео е многу изолиран има помалку топки отколку обично. Не би рекол дека е тажен, туку изолиран. Повеќе сакам кога игра во средината. Ме нервира кога го гледам на десно крило, не може така да воспостави темпо на напад“- вели легендарниот Французин и додава.

„Треба да се пронајде начин ПСЖ да ги вклопи него, Мбапе и Нејмар. Мислам дека на десната страна не може да прави толкава предност, но ги немам сите детали од тактички аспект“– заклучува Анри.