Легендата на „топчиите“ Тиери Анри е крајно разочаран од случувањата во неговиот екс клуб.

Арсенал беше еден од шесте англиски клуба кои беа потписници за таканаречената Супер лига која ја крена на нозе цела светска јавност.

 

Го сакам овој клуб и ќе го сакам до смрт, но веќе не го препознавам. Обидот да се приклучат кон развојната и приватна Суперлига, за мене немаше никаква смисла“

 

„Се сеќавам како изгледаше Арсенал кога дојдов од Монако. Во потполност се разликува од сегашниот. Арсенал е во моето срце благодарение на културата која ја имаше, класата и историјата, ова веќе не е оној Арсенал“, порача Анри

Тој настапуваше за Арсенал во периодот од 1999 до 2007 година, за подоцна на кратко уште еднаш да се врати пред заминувањето на Арсен Венгер.