Како што тврди информативната агенција од Италија, АНСА, Владата на оваа земја размислува да донесе декрет за стопирање на сите спортски манифестации и натпревари еден месец во државата поради состојбата со Коронавирусот.

Владата на Италија се очекува да донесе одлука со која нема да се одржуваат спортски натпревари во следните 30 дена на цела тероиторија на Италија.

Италијанската фудбалска лига, Серија А, има сериозни проблеми со одложување на натпреварите, календарот е комплетно пореметен, дел од клубовите влегоа во „војна“  со федерацијата.

Во Италија во изминатите 24 часа починаа нови 24 лица, официјлано има 2263 заразени лица што е зголемување на бројката за 428 за помалку од едно деноноќие.