Хрватскиот интернационалец и напаѓач на Милан, Анте Ребиќ ќе го пропушти натпреварот од 3.коло во Лигата на шампионите против Порто поради повреда на скочниот зглоб, пренесуваат италијанските медиуми.

„Росонерите“ ќе пристигнат на овој судир прилично ослабени затоа што од една или друга причина не можат да сметаат на Тео Ернандез, Брахим Дијаз и Мајк Мањан.

По две одиграни кола, италијанскиот претставник е последен во групата без бодови, Порто е трет, Атлетико Мадрид е на второто место,а предводи Ливерпул со максимален учинок.

Ребиќ се повреди во саботата против Верона, се чинеше дека не е ништо сериозно и дека треба да му биде на располагање на тренерот Пиоли, но беше прецртан од списокот на играчи кои ќе настапат на вечерашниот натпревар.