Во Србија одекна “бомба” и се најавува дека поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на оваа земја Радомир Антиќ ќе се врати на кормилото на оваа селекција по заминувањето на Младен Крстајиќ.

Антиќ веќе еднаш ја водеше фудбаската репрезентација на Србија низ квалификациите за пласман на СП во Јужна Африка, за потоа да добие отказ по елиминацијата во групната фаза од Мундијалот.

Во меѓувреме Антиќ беше тренер на кинеските фудбалски тимови Хебеи и Шандог и сега е без ахгажман.