Во формацијата со тројца стопери, Јан Веронген би се снашол одлично, поради оваа причина но и поради тоа што ќе остане без договор следното лето, Антонио Конте веќе ги направил првите контакти со дефанзивецот.

Тотенхем не сака да го продава Вертонген во зимскиот преоден рок и покрај тоа што од Интер инсистирале да го ангажираат во јануари. Сепак ако Покетињо не дозволи заминување на репрезентативецот на Белгија на почетокот од 2020 година, тогаш тоа ќе се случи следното лето.

Конте бара уште еден стопер со кој ќе ја зацврсти одбраната, пренесува Гардиан.