Новиот тренер на Интер, Антонио Конте не е задоволен од ангажираноста од Иван Перишиќ и начинот на кој одигра во на контролниот меч против Јунајтед.

Со доаѓањето на Конте во Интер, јасно е дека овој тим во новата сезона ќе игра поинаков систем, конкрено 3:4:3 но крилните играчи ќе мора повеќе да помагаат и во одбраната. Конте смета дека Перишиќ нема такви квалитети и можно е наскоро Хрватот да го гледаме во друг тим.

За Перишиќ постоеше интерес од неколку екипи во зимскиот преоден рок а најзагреан беше Арсенал.