Доскорешниот тренер на Интер, Антонио Конте имаше одлична сезона со Интер во Серија А, но поради финансиските проблеми во клубот, реши предвреме да ја прекине соработката.

Островските медиуми на големо пишуваат дека Конте нема да чека долго за да му се врати на фудбалот, има примамлива понуда од Тотенхем, градскиот ривал на неговиот поранешен клуб, Челси.

Според првичните најави, Конте сака да се врати во Англија, но се уште е рано за да биде познато дали и кога би се вратил.

Тотенхем минатата сезона му врачи отказ на Мурињо а потоа го назначи Рајан Мејсон како привремено решение, со Конте ќе добие на искуство и на квалитет за конечно да почне да размислува за трката за титулата, но за тоа е потребен тим а Кејн веќе побара да биде ставен на трансфер листата.