Интерес има, љубителите на фудбалот утревечер на „Тодор Проески “ во Скопје го прифатија повикот, Македонија има потреба и ќе ја добие.

Вака отприлика можеме да ја опишеме ситуацијата со продажбата на билетите за утрешниот натпревар на Македонија и Словенија во Скопје од евроквалификациите. На нешто повеќе од 24 часа од почетокот на мечот, половина од билетите се веќе продадени (15 000).

Играчите побараа полни трибини, капитенот Пандев порача, сакаме поддршка а не критики затоа што оваа генерација заслужува пласман на ЕП.

Македонската сениорска машка фудбалска репрезентација утречевер од 20:45 часот ќе ја дочека Словенија во 7 коло коло од квалификациите за пласман на ЕП во 2020.

По шест кола, нашата репрезентација е на четвртото место на табелата во групата Г со осум бода, два три помалку од второ пласираната Словенија.