Капитенот на македонската репрезентација Гореан Пандев доби убаво признание од фудбалер со кого извесен период играше заедно во Џенова.

37-годишниот Аргентинец Никола Споли деновиве се повлече од фдбалот сумирајќи ги впечатоците од својата долга кариера во која играше за Невил Олд Бојс, Кротоне, Рома, Џенова,  Катанија и Киево.

Тој истакна дека  Пандев, заедно со Франческо Тоти и Ариел Ортега се најдобрите фудбалери со кои играл во кариерата.