Островските медиуми денеска изгледа со нови информации околку истрагата за авионската несреќа во која загинаа фудбалерот Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон.

Според последните истражувања во крвта на Аргентинецот имало фатално количество на јаглерод моноксид и ова може да предизвикало смрт уште пред падот на авионот.

Токсиколошката анализа покажала дека во крвта на несуденото засилување на Кардиф имало 58% количество на јаглерод моноксид што може да донесе до мозочен удар или срцев удар или пак гушење. Телото на пилотот , Иботсон сеуште не е пронајдено.

Допрва ќе се утврдува како во кабината на авионот се нашол јаглерод моноксид пред падот на авинот.