Поранешниот претседател на Интер, Масимо Морати изјави дека Лионел Меси е сон кој клубот од Милано сака да стане јаве, со оваа изјава ги „запали“ навивачите, реагираше Барселона којa го обвини Интер дека прави раздор во клубот.

Сега новинар од Аргентина, Мартин Кастилја тврди дека Меси по завршувањето на следната натпреварувачка сезона ќе оди во Интер или ќе се врати дома во Аргентина во екипата на Нуел Олд Бојс.

„Интер е сериозно заинтересиран за Меси, не е шега, се уште е сон но тоа не значи дека клубот од Милано нема да успее да го донесе најдобриот на планетата“ – изјави Кастијла, новинар на ТНТ Спортс од Аргентина.

Меси има договор со Барселона до 2021 година, неговата годишна плата изнесува 70 милиони евра.