Напаѓачот на Атлетик Билбао, Ариц Адурис, ја коментираше елиминацијата на Реал и на Барселона од Купот на Шпанија.

„Новиот формат во Купот на Шпанија ја покажа својата вредност. Сите сме помалку заморени од тоа што во се победуваат само Реал и Барселона. Пријатно е да се види дека сега е се подинамично, како во Англија. Новиот формат им се допаѓа на сите“. – изјави Ариц Адурис.

Главна новина во Купот е што во сите фази до финалето се игра само по еден натпревар, наместо претходните два. Освен тоа, клубовите од Ла Лига се вклучуваат од самиот почеток, од 1/128-финале.