Хрватскиот прволигаш, Динамо Загреб се соочува со сериозен проблем откако сите играчи од првиот тим заедно со капитенот Аријан Адеми одбиле да потпишат дека се согласуваат на намалување на платите според планот на упрвата за полесно надминување на кризата.

Според „Индекс“ играчите застанале цврсто на ставот дека нема да дозволат намалување на платтите. Според договорот сите кои заработуваат над 1 милион евра месечно би добивале една третина помалку додека сезоната е во пауза. По ова долгот би се ссплаќал во следните шест месеци на на рати по што следува уште една рамка за враќање на платите во нормала но тоа би било во следната година.

По одлуката да не ги прифатат мерките, се очекува преговорите меѓу првиот тим и управата на Динамо Загреб да продолжат во текот на оваа недела.